KINENOVA

Снимај паметно, остави трага

Датум
2026-10-05 — 2026-10-07
Час
Ќе биде објавено наскоро
Локација
Дом на култура „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода
Рок за пријавување
2026-09-28

РАБОТИЛНИЦА · 5–8 ОКТОМВРИ 2026

Четири дена филм, идеи и млади гласови

Работилницата започнува на 5 октомври и продолжува на 6, 7 и 8 октомври 2026 во Europe House Скопје. Дневната сатница ќе биде дополнително објавена.

Филмска работилница и натпревар за млади автори од Кисела Вода

Каква приказна би раскажал ако твојот мобилен телефон стане филмска камера?

„Снимај паметно, остави трага“ е проект на Киненова и Општина Кисела Вода за ученици од VIII и IX одделение од основните училишта во општината.

Прва фаза: твојата прва видеоприказна

Учениците осмислуваат и снимаат оригинална видеоприказна од 2 до 5 минути со сопствен мобилен телефон или друг достапен уред. Пријавувањето се одвива преку училишната комисија, а видеата се доставуваат на е-поштата на матичното училиште.

По училишниот избор, по двајца ученици од секое училиште — вкупно 16 — продолжуваат во следната фаза.

Втора фаза: филмска работилница

Учесниците ќе работат со Марија Џиџева, филмска режисерка и документаристка со искуство во филмското образование и работата со деца и млади.

Ќе ги запознаат основите на филмскиот јазик, ќе развиваат сопствени идеи и ќе истражуваат лични и општествено релевантни приказни. По работилницата ќе имаат три дена за реализација на своите кратки филмови.

Автор на концептот: Небојша Јовановиќ.

Финален натпревар и јавни проекции

Најдобрите три филмови ќе добијат награди обезбедени преку спонзорства. Најдобрите остварувања ќе бидат прикажани во Домот на културата „Билјана Беличанец“ и во неговата подружница во Драчево.

Информации за пријавувањето

Според јавниот повик, пријавувањето беше од 18 до 28 септември 2026, со краен рок 28 септември во 9:00 часот. За дополнителни информации учениците можат да се обратат кај комисијата во своето матично училиште.