ИЛДИКО ЕНЈЕДИ

Добитничка на награди и номинирана за Оскар за филмска режија, ја започна својата кариера како концептуален и медиумски уметник. Подоцна таа се сврте кон режија на играни филмови и пишување сценарија, напиша и режираше шест долгометражни и неколку кратки филмови. За овие дела таа е добитник на повеќе од педесет меѓународни награди. Предава европски мастерклас во Швајцарија и Полска,  а беше професорка по филмска режија на Универзитетот за филм и театарски уметности во Будимпешта. Откако на универзитетот му беше одземена академската автономија, таа стана основачки член на FreeSzFE, независен креативен центар, здружение за учење и настава. Таа беше член на главното жири на филмските фестивали во Берлин, Венеција, Москва и Сан Себастијан (меѓу другите). Енједи е добитник на наградата „Бела Балаш“ за заслужен уметник, а го доби и Републичкиот претседателски орден за заслуги. Таа е член на Европската и Американската филмска академија. Мајка на две деца, живее во Будимпешта.


АИДА БЕГИЌ

Дипломирала режија на Академијата за сценски уметности во Сараево. Нејзиниот дипломски филм „Првото смртно искуство“ беше претставен на филмскиот фестивал Cinéfondation на Кан. Нејзиниот дебитантски филм „Снег“ беше премиерно прикажана во Кан, во рамките на „Недела на критиката“, каде што доби Гран при. Филмот беше номиниран за филмската награда на Европската академија, во секцијата „Откритија“. Нејзиниот втор долгометражен игран филм „Децата од Сараево“ беше премиерно прикажан во Кан во селекцијата „Извесен поглед“, каде ја освои Специјалната награда на жирито. Таа го напиша и режираше краткиот филм „Албум“, дел од омнибусот „Мостовите на Сараево“, кој светска премиера имаше исто така на  Канскиот ФФ. Нејзиниот игран филм „Никогаш не оставај ме“ е прикажан и наградуван на многу фестивали ширум светот. Во 2022 година таа го заврши својот четврти игран филм „Балада“. Аида Бегиќ е професорка на Академијата за изведувачки уметности во Сараево и членка е на здруженијата AMPAS, EFA, SACD и UFRBiH.


ЕЛЕОНОРА ВЕНИНОВА

Сценаристка/режисерка која има магистратура за пишување сценарија од Државниот универзитет во Калифорнија, Нортриџ. Таа е авторка на неколку наградувани кратки филмови („Борба за смрт“, „Влакна“), а нејзниот последен краток филм „Знак“, на кој е коавтор заедно со Јона Розинкер од Израел, имаше премиера на Director’s Fortnight во рамките на Канскиот филмски фестивал во 2019 година. Нејзините филмови имаат учествувано на над 80 фестивали низ светот. По завршувањето на програмата „Serial Eyes” во Берлин фокусирана е на пишување ТВ серии. Елеонора во моментов работи и на пост-продукцијата на нејзиниот дебитантски долгометражен филм „Преекспонирано“, финансиран од Агеницја за филм, Српски филмски центар, СЕЕ Синема центар и Еуримаж, како и на снимањето на следниот краток филм, но и на развој на неколку проекти за телевизија. 


ПИВО МАРИНКОВИЌ

Роден во Загреб, Хрватска во 1967 година, дипломирал драматургија на АДУ во родниот град. Неговите први театарски претстави беа реализирани во раните 90-ти и освоија многу домашни награди. По 10-годишниот мандат како уредник на јавниот радиодифузен сервис ХРТ (1996-2005), кариерата ја продолжува како слободен писател-режисер. Има снимено 3 играни филмови и еден документарен филм. Неговите дела беа прикажани на престижни филмски фестивали низ светот каде добија неколку награди (Манхајм, Пула, Александрија, Хјустон, Бергамо, Наполи, Букурешт). Во 2021 година беше назначен за уметнички директор на Филмскиот фестивал во Пула. Живее во Виена и Загреб.


СИМОНЕ СТАРАЧЕ

Видео и VOD дистрибутер, со фокус врз класичното и култното кино. Во 2019 година тој ја освои наградата „Питер фон Баг“ за неговото блу-реј издание на претходно изгубениот филм „Не сметајте на нас“ (1978). Уредил две книги:  „Виторио Котафави на кино и телевизија“ (Cineteca di Bologna, 2010) и „Титан. Семеен дневник на италијанската кинематографија“ (Cineteca Nazionale, 2014), нарачан од филмскиот фестивал во Локарно. Како филмски режисер, тој беше копродуцент на три играни филмови: „Последната куќа во шумата“ (2006), „Италијански приказни за духови“ (2011) и „Црн круг“ (2018). Во 2019 година стана уметнички директор на „Фанта фестивал“ во Рим, заедно со неговиот покоен пријател Микеле Де Анџелис.