Играат: Сугимото, Канда, Гото
Синпосис
Секоја година, илјадници луѓе исчезнуваат без трага во Јапонија. Познати како „Јохацу“, или „испарените“, тие ги напуштаат своите животи од различни причини – проблематична врска, растечки долгови или закани од мафијата. Некои добиваат поддршка од таканаречените компании за „ноќно преселување“, кои им помагаат на луѓето да исчезнат и да започнат нов живот некаде на друго место. Фрлајќи интимен поглед на феноменот на „испарување на луѓето“, овој филм ги прикажува внатрешните конфликти и обидите за помирување на оние кои исчезнале и оние кои се оставени зад себе.
Фестивали и НАГРАДИ
Филмски фестивал Краков 2024, Фестивал на документарен филм Солун 2024, Филмски фестивал во Осака 2025