ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА на Гоце Цветановски

 

Улоги: Жарко Димоски, Дамјан Цветановски, Емилија Мицевска

 

НАГРАДИ И НОМИНАЦИИ: Ситџес Меѓународен филмски фестивал на фантастичен фестивал Каталонија (Светска премиера – 5  октомври 2024); КинеНова 2024, македонска премиера на отворањето на фестивалот.

 

Краток синопсис:

Јон е потпросечно интелигентен човек од Земјата. Зарк е нарцисоиден мегаломан – робот кој патува низ вселената и собира примероци за својата интергалактичка Зоолошка градина. Кога двајцата ќе се спојат, нормално е да настане хаос. Двајцата ќе мора да здружат сили за да го заштитат најопасното оружје во Галаксијата да не падне во погрешни раце. Необичното дуо ќе тргне на вселенско патување исполнето со вонземјани, чудовишта, црни дупки, и можен крај на севкупната егзистенција. Научнофантастична пародија со балкански шмек со супер-јунакот Јон Вардар е интергалактичка комедија за целото семејство.