ХОТЕЛ ПУЛА на Андреј Коровљев

 

Улоги: Ермин Браво, Ника Грбеља и др.

 

Награди и нoминации: Филмски фестивал во Пула; Филмски фестивал во Трст.

 

Краток синопсис: Познатиот босански актер Ермин Браво и извонредната млада хрватска актерка-дебитант Ника Грбеља многу убедливо отелотворуваат лежерна залутана љубов, осудена неизбежно да заврши со срцепарателна разделба. Малолетната средношколка Уна волшебно ја прекинува тажната и болна рутина на Босанецот Махир, 22 години постар од неа. Како што флертувачката девојка постепено прераснува во млада жена, тешко повредениот гостин ја открива неможноста да залечи од раните на вина, омраза и срам.