РАЈ: НАДЕЖ на Улрих Зајдл
Улоги: Мелани Ленц, Јозеф Лоренц, Мајкл Томас
Номинации и награди: Беринале 2013 – официјална селекција
Краток синопсис:
Третиот филм од трилогијата на Зајдл ја раскажува приказната за Мелани, 13-годишна девојка со прекумерна тежина, и нејзината прва љубов. Додека мајка и’ Тереза патува во Кенија (РАЈ: ЉУБОВ), а нејзината тетка (РАЈ: ВЕРА) работи мисионерска работа за Исус Христос, тинејџерката го поминува својот летен одмор со други адолесценти во строго управуван диететски камп во австриските села. Помеѓу спортските активности и советувањето за исхрана, борбите со перници и првите цигари, таа се вљубува во директорот на кампот, доктор постар од неа 40 години. Таа го сака со безусловноста на првата љубов и се обидува со целата своја невиност да го заведе. Докторот се бори против вината на оваа љубов, свесен за нејзината невозможност. Мелани го замислува поинаку својот рај.