Улоги: Ненад Токалиќ, Франо Машковиќ, Жига Предин
Синпосис
Бунтовник, борец за правда, пост-панк и шансонер. Незаборавен член на југословенскиот „Нов бран“. „Прасловен“ е емотивна и инспиративна биографска драма што го следи животот и кариерата на еден од најважните кантавтори на поранешна Југославија, Зоран Предин. Филмот го открива неговото патување од младоста во Марибор, каде што почнал да се занимава со музика, до врвот на славата со бендот „Лачни Франц“ и неговата соло кариера, што го направи икона на музичката сцена. Низ филмот нè водат гиганти на југословенската музичка, литературна, филмска и спортска сцена, како Ѓорѓе Балашевиќ, Бранко Ѓуриќ, Миљенко Јерговиќ, Габи Новак, Јуре Франко, Зоран Чутура, Мањифико, Петар Јањатовиќ, Анте Томиќ, Александар Станковиќ…