ПОСЛЕДНИОТ КАУБОЈ на Тадеј Чатер

 

Краток синопсис:

„Последниот каубој“ е документарен филм за вечниот сонувач од Босна и Херцеговина, Хари Џексон. За човек кој создаде илузорна реалност од своите соништа да биде херојски каубој, кој ќе го спаси светот, во кој реката Дрина ја замени реката Рио Гранде, а Санта Фе стана босанскиот град  Биелина. Американскиот див запад му беше предалеку, па тој си создаде свој „див запад“ дома и во шеесеттите го смени своето име од Аљуш Мусли во Хари Џексон. Беше фотограф и обожавател на вестерни, самиот сними неколку, но за жал ниту еден не заврши. Кога светот за кој тој сонуваше пропадна поради војната, пропаднаа неговите соништа, а и тој заедно со нив. Неговиот филм остана недовршен. Но, неколкумина од неговите пријатели се обидоа да го затворат отворениот крај што тој го остави.