КАРАОКЕ РАЈ на Инари Паканен

 

Номинации и награди: Visions Du Reel, „Јуси“ награди – Најдобар документарен филм, ДОКС Барселона

 

Краток синопсис:

Места. Луѓе. Песни отпеани како за ослободување, фрагменти од среќа, понекогаш смешни, понекогаш болни спомени. Овие моменти од животот се снимени со камера за време на караоке настапи низ финскиот пејзаж. Радоста и меланхолијата се спојуваат како дел од пријателскиот пристап на овој филм, кој ќе остави траен впечаток на неговата публика.