ЖЕНА-УБИЕЦ / ФОНИСА на Ева Натена

 

Улоги: Кариофиља Карабети, Марија Протопапа, Елена Топалиду

 

НОМИНАЦИИ И НАГРАДИ: Шангај филм фестивал 2024, Солунски филмски фестивал – НАГРАДА ЗА НАЈДОБРО УМЕТНИЧКО ДОСТИГНУВАЊЕ, Хеленска филмска академија – НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР РЕЖИСЕР-ДЕБИТАНТ

 

Краток синопсис:

Базиран на класичното ремек-дело на Александрос Пападијамантис, филмот „ЖЕНА-УБИЕЦ / ФОНИСА“ се одвива на оддалечен остров во Грција, околу 1900-та година. Хадула, која го изгубила својот сопруг на млада возраст, е жена која научила да преживува во крајно патријархално општество. Но Хадула не толку лесно ја прифаќа таа судбина. Нејзината лична, внатрешна, бликава револуција набргу ќе дојде до израз. Жртви на нејзиниот испад се малите девојчиња на островот, кои таа ги ослободува од општествениот и економскиот товар што го носи нивното постоење… со одземање на нивните животи. Нејзините постапки ќе ја доведат лице в лице со властите.