РАЈ: ЉУБОВ на Улрих Зајдл

 

Улоги: Маргарет Тизел, Петер Казунгу, Инге Мо

 

Номинации и награди: Кански филмски фестивал – официјална селекција, Најдобар филм, режисер и актерка на Австриските филмски награди 2013

 

Краток синпосис:

РАЈ: ЉУБОВ, првиот филм од „рајската трилогија“ се одвива на плажите во Кенија. Таму познати како „шеќерни мами“, Европејките бараат африкански момчиња кои продаваат љубов за да заработат за живот. Тереза, 50-годишна Австријка, патува во овој рај за одмор. РАЈ: ЉУБОВ раскажува за постарите жени и младите мажи, за Европа и Африка, и за експлоатираните, кои на крајот ги искористуваат другите.