Мастерклас на Хамед Солејманзадех на Киненова: Методот на мешавина од теорија и пракса функционира кај сите возрасти- од петгодишни деца до студенти на постипломски студии

Објавено на: октомври 2, 2025

Хамед Солејманзадех е ирански филмски критичар, филмски филозоф, режисер и предавач на Универзитетот во Гетинген во Германија и на Академијата DAM во Рим, Италија. Член е на FIPRESCI, а неговата кариера вклучува членување во жиријата на повеќе од триесет престижни филмски фестивали и настани низ целиот свет. Тој е основач и директор на Меѓународниот фестивал на краток филм „Абас Кјаростами“. Оваа година, во рамките на „Киненова“, покрај тоа што ќе има улога да одлучува за наградите на најдобрите, заедно со другите членови на жирито, ќе одржи и мастерклас за студентите по филмска и театарска уметност, каде што ќе ја презентира поетиката на иранската кинематографија, која има голем број обожаватели во Македонија. Тој денеска одржа интересен и интерактивен мастерклас на ФДУ на кое преку практични примери ги запозна со филмската уметност младите вљубеници во филмот. – Мојот мастерклас ќе го истражи иранското поетско кино како традиција каде што филмот станува форма на визуелна поезија, спојувајќи ја едноставноста на наративот со длабоки слоеви на значење. Ќе ги презентирам делата на Абас Кјаростами, Фору Фарохзад и Сораб Шахид Салес, покажувајќи како тие црпеле инспирација од персиската литература, мистицизмот и секојдневниот живот. Студентите ќе видат како долгото траење, тишината, непрофесионалните актери и отворените приказни создаваат контемплативни искуства. Ова кино ја цени двосмисленоста пред јасноста, претворајќи го обичното во извонредно. Конечно, ќе го поврзам ова наследство со современите ирански кратки филмови, истакнувајќи како поетската традиција продолжува да ги обликува новите генерации, рече Солејманзадех. Вакви мастеркласови одржал во 25 држави и како што вели од сите е задоволен и тој и учесниците, бидејќи е мешавина од теорија и пракса. – Функционира и со млади, работам со петгодишни деца, па се до постдипломци. И јас учам од нив понекогаш. Мојот метод за учење е преку картички. Барам од студентите на три ливчиња хартија да напишат информација за ликот, возраста и објектот и возраста и локација, како на пример град-Скопје и третото е активност, инцидент- например како собраќајна несреќа. Ги делам во повеќе различни групи и барам од нив да направат сопствена приказна базирана на информациите од листот. Во исто време тие се и жири, избираат најдобра приказна од нивната група и ја читаат и потоа јас ја анализирам нивната приказна врз база на кинематско-филозофски теории, објасни Солејманзадех.