ЕКСПЛИКАЦИИ ЗА ОДЛУКАТА НА ЖИРИТО НА КИНЕНОВА 2024

Објавено на: октомври 21, 2024

За мене е голема чест што сум овде, на филмскиот фестивал КИНЕНОВА, како претседател на жирито, заедно со двете прекрасни членки на жирито, режисерките Асимина Проедроу од Грција и продукциската дизајнерка Дорина Оарга од Романија.

Сакам да им се заблагодарам на уметничкиот директор Гена Теодосиевска и директорот на фестивалот Небојша Јовановиќ за  оваа одлична можност заедно да ги видиме и доживееме сите овие прекрасни приказни. Внимателно ги погледнавме 6-те играни и 16 кратки филмови од изборот на селекторот Игор Анѓелков. Станува збор за филмови од целиот свет, со широк спектар на теми, форми, стилови на режија и филмски пристапи. Воодушевени сме што имавме можност да се нурнеме во нивниот свет. Многу сум задоволен што сите тројца членови на жирито ги примија филмовите на сличен начин и со дух на луѓе што се согласуваат, па мора да бидем искрен и да признам дека многу лесно  ги донесовме сите одлуки.

Значи, да продолжиме со наградите.

За брилијантно режиран филм кој на површината е политички, но длабоко во себе ги прикажува суптилностите и нијансите на семејните односи и родителството, но и многу вешто успева да ги премине културните граници, наградата за најдобар краток филм ја добива „48 часа“ на иранскиот режисер Азадах Мусави.

 

Лесно е да се биде храбар во слободна земја, но што ако сте творец во земја каде што нема слобода на говор? Наградата за најдобро сценарио ја добива креаторот, кој не само што раскажал одлична приказна, туку додека го снимал филмот морал да донесе храбри одлуки за неговите ликови но и за самиот себе сина крајот завршувајќи во затвор. Наградата за најдобро сценарио ја добива Навид Михандуст за филмот „Кафе“.

 

За извонредната употреба на филмскиот јазик, за деликатниот начин на кој ги прикажа најтешките настани и ликови од војната во поранешна Југославија, сугерирајќи дека љубовта може да постои дури и на места што никогаш не би ја очекувале, наградата за најдобра режија ја добива режисерот Андреј Коровљев за филмот „Хотел Пула“.

 

Гран-при добива филм кој на оригинален начин го доловува родовото прашање, адаптирајќи за големото платно ремек-дело на светската литература, со одлична режија и евокативна атмосфера, гран-прито на деветото издание на Киненова заминува кај брилјантата драма „Убиец“ на Ева Натена.

For a brilliantly directed film which on the surface is political but deep down portrays the subtleties and nuances of family relationships and parenthood, thus succeeding in crossing cultural boundaries, the Best Short Film Goes to “48 Hours” by Iranian director Azadah Moussavi.

It’s easy to be brave in a free country but what if you are a creator in a country where there is no freedom of speech? The best screenplay award goes to a creator, who not only did he tell a great story, but while making the film he had to make brave decisions both for his characters and himself, ending up in jail. The Best Screenplay award goes to Navid Mihandoust for the Film “Cafe”.