Јани Бојаџи

Јани Бојаџи e режисер, сценарист и продуцент, роден во 1970 година во Струмица каде што завршува средно образование, дипломира и магистрира режија за филм и телевизија на Националната академија за театарска и филмска уметност во Софија, докторира на режија за филм и телевизија на Универзитетот „Неофит Рилски“ во Бугарија. Вонреден професор е по режија за филм и телевизија на Универзитетот „Еуропа Прима“ во Скопје.

Јани Бојаџи е режисер на повеќе успешни кратки играни филмови. Toj има продуцирано и режирано бројни телевизиски серии кои привлекоа силно внимание во македонската телевизиска јавност, а неговиот прв долгометражен игран филм РУГАЊЕ СО ХРИСТОС постигна светски успех, добивајќи ја наградата за особен уметнички израз на познатиот филмски фестивал во Монтреал.

Тој e и голем поддржувач на независната филмска сцена во Северна Македонија поддржувајќи многу млади автори во нивните филмски кариери. Неговиот последен долгометражен игран филм КИНО ЉУБОВ е дел од таа македонска независна филмска сцена. Моментално работи на неговиот најнов игран филмски проект.