Срдан ГОЛУБОВИЌ

Тој е филмски режисер. Неговиот прв долгометражен игран филм „Апсолутните 100“ учествуваше во главните програми на над триесет меѓународни филмски фестивали, вклучувајќи ги Котбус, Ротердам, Солун, Торонто и Сан Себастијан, освојувајќи 10 меѓународни и 19 домашни награди. Неговиот втор долгометражен филм „Клопка“ („Стапицата“) ја имаше својата светска премиера на Берлиналето во 2007 година. Филмот освои вкупно 21 меѓународна награда и беше номиниран за Оскар во категоријата најдобар странски филм.

Заедно со тим млади филмски уметници, Голубовиќ е главната движечка сила зад продуцентската куќа „Баш Челик“, снимајќи музички спотови за голем број етаблирани локални музички уметници, како и реклами и маркетинг кампањи.

Тој е доцент по филмска режија на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Неговиот филм „Кругови“ од 2013 година е избран за српски кандидат за најдобар странски филм на 86-то доделување на наградите „Оскар“.