Дорина Оарга
Дорина Оарга работи во филмската индустрија повеќе од 15 години, со долгогодишно искуство во раководење со проекти, како во Романија, така и на меѓународно ниво. Таа е со седиште во Букурешт, но во душата е авантурист; Дорина е долгогодишен соработник на Меѓународниот филмски фестивал во Трансилванија (Клуж-Напока, Романија / од 2008 година до денес), каде што неколку години раководеше со идустри секцијата. Во 2019 година, заедно со фестивалот, тие започнаа реализација на TIFF Unlimited, платформа за VoD преку целата година, посветена на доближување на уметничките филмови до локалната публика.
Привлечена од индустријата за стриминг, Дорина беше одговорна и за создавањето на CINEPUB (во 2015 година), услуга за онлајн видео стриминг започната во партнерство со Google, прикажувана и на YouTube, а посветена на романските филмови. За неа беше сосема природно да се приклучи на тимот на Европскиот филмски клуб, дел од Европската филмска академија во 2022 година.
Нејзината љубов кон патувањето и желбата секогаш да се усовршува како професионалец, ја донесоа до неколку големи проекти, кои и донесоа нови предизвици и награди: Европски филмски награди и SOFA – School of Film Advancement (и двете лоцирани во Берлин, Германија), Eventival (Чешка ), Работилница Аристотел (Романија), Филмски фестивал во Доха Трибека (Катар), МФВ во Вилнус „Кино Павасарис“ (Литванија) и Филмски фестивал Аррас (Франција), меѓу останатите.