Асимина Проедру
Асимина Проедру е сценарист-режисер која живее и работи во Хеленската република. Нејзиниот краток филм, RED HULK (2013), беше прикажан во официјалната програма на МФФ Клермон-Феран и освои седум меѓународни награди. Нејзиниот деби филм, BEHIND THE HAYSTACKS / ЗАД СТОГОВИТЕ СЕНО(2022) беше грчки КАНДИДАТ ЗА НАГРАДИТЕ ОСКАР на 96-тото издание. Овој нејзин филм е одрбан помеѓу 40-те најдобри филмови на Европските филмски награди и освои 10 награди на Грчката Филмска Академија (вклучувајќи ја и наградата за најдобар филм). Филмот, меѓу другото, освои шест награди на Меѓународниот Филмски Фестивал во Солун и наградата за најдобар дебитантски филм на МФФ Гоа во Индија, а беше дел и од повеќе други светски филмски фестивали, вклучувајќи го и Палм Спрингс. Нејзиниот втор долгометражен проект HYSTÉRA ја освои наградата за развој на Црна Гора на CineLink Сараево и беше избран за наградата COPROCITY која ќе биде доделена во рамките на Les Arc IFF.