Крајот од светот

KINENOVA

Крајот од светот

Крајот на светот

Режија: Јани Бојаџи

За филмот

Во време на голема суша, татко и син бараат вода користејќи дрвено стапче, стара македонска традиција. Но, наместо вода, тие ќе откријат чуден златен кабел. Иако Таткото се противи, Синот ќе го пресече кабелот што ги напојува ѕвездите и месечината, и тие ќе се исклучат. Почнува да врне.

Екипа и улоги

Режија, сценарио и монтажа: Јани Бојаџи
Главни улоги: Мето Јовановски и Владо Јовановски
Улоги: Горан Илиќ, Владимир Светиев, Драгана Миленковска, Хана Трајковска, Кире Георгиев, Васил Михајлов
Директор на фотографија: Александар Капузовски
Музика: Горан Трајковски
Дизајн: Тихомир Спировски
Специјални ефекти: Иван Јанчев
Продуценти: Тихомир Спировски и Јани Бојаџи
Извршен продуцент: Дарко Башески
Придружен продуцент: Иван Митевски (Сон)
Продукција: Суб продукција, во соработка со Министерството за култура на Република Македонија, Македонскиот филмски фонд, Македонската телевизија и Орион продукција.

За режисерот

Јани Бојаџи е македонски режисер, сценарист и продуцент, роден во 1970 година во Струмица. Студирал на НАТФИЗ „Крсто Сарафов“ во Софија, во класата на Георги Дулгеров, каде што во 2014 година магистрирал режија за филм и телевизија. Во 2022 година докторирал на Факултетот за уметности при Универзитетот „Неофит Рилски“.
Работи во филмот, телевизијата и театарот и предава режија за филм и телевизија на Универзитетот „Европа Прима“. Автор е на книгата „Гледна точка“ (2024). Неговото творештво опфаќа кратки и долгометражни играни филмови, документарни филмови и телевизиски серии.

Филмографија

Избрана филмографија
2005 — Таксират (краткометражен игран филм)
2010 — Крајот на светот (краткометражен игран филм)
2016 — Вистинска љубов (телевизиски игран филм)
2016 — Болка на душата (телевизиска серија)
2018 — Ругање со Христос (долгометражен игран филм)
2022 — Кино љубов (долгометражен игран филм)
2023 — Бистра вода (телевизиска серија)
2025 — Утре наутро (долгометражен игран филм)
2026 — Утре наутро (телевизиска серија)

Карти за проекции

15.10.2026 · 20:00
Дом на култура „Билјана Беличанец“

Купи карта за оваа проекција ↗