Владимир САМОИЛОВСКИ

Владимир е роден во Скопје, во 1953 година. Неговата кариера како филмски работник и професионален соработник на филм ја започнува во 1976 година кога се вработува во продуцентската куќа Вардар филм, најпрво како асистент снимател  а подоцна и снимател-швенкер.  Како асистент снимател соработува на филмовите „Пресуда“ (1977), „Дае“ ( 1979) „Оловна бригада“ (1980), „Време води“ (1980), додека како снимател работи на  „Хај-Фај“ (1987)„Тетовирање“ (1991), „Ангели на отпад“ (1995), „Пред дождот“ (1994) а како директор на фотографија го раскрилува својот талент во филмовите: „Македонска сага“ (1993), „Светло сиво/Ѓавол во срцето“ (1993), „Часовник“ (1997), „Збогум на 20тиот век“ (1998), „Хофманова 13“ (2000), „Вета“ (2000), „Илузија“ (2004), „Остани исправен“ (2005), „Зад темнината“ (2007), „Мајки“ (2010)„Бардо“ (2012), „Враќање“(2015), „Џган/Амок“ (2016) „Амби“ (2017), “Северен пол“ (2021), „М“ , „Исчезнати“, “Убиј ги прво децата“ (2024).  За работата на филмот „Македонска сага“ во 1993 година на ИФФК„Браќа манаки“ добива Бронзена камера 300 и награда Камера 300 за најдобар дебитант.