ПРЕС / БЛОГKINENOVA 2026

Трибина „ВИ или автентична филмска креација“ и мастерклас на Емин Алпер денеска на Киненова: Никогаш не одам неподготвен на снимање

Емин Алпер разговараше со студентите на ФДУ за филмот „Зад ридовите“, подготовката за снимање и копродукциите. Програмата продолжи со трибина за вештачката интелигенција и автентичната филмска креација.

октомври 16, 2026 · Мастерклас / Трибина
Киненова 2026 – мастерклас / Kinenova 2026 – masterclass
Емин Алпер · КИНЕНОВА 2026
ДАТУМ16 октомври 2026
МАСТЕРКЛАСЕмин Алпер · ФДУ
ТРИБИНАВИ или автентична филмска креација

Повторна средба со „Зад ридовите“

Филмот „Зад ридовите“ на Емин Алпер, годинешниот лауреат на МФФ Киненова, вчера имаше проекција на фестивалот бидејќи тоа е негов прв филм, а денеска на мастерклас со студентите на ФДУ повторно проговори за него.

– Јас филмот не сум го гледал од 2016 година и се сеќавам на секој детал што го снимив и на сите сцени што беа снимени, но од оваа перспектива би сменил нешто во кинематографијата, во ликовите итн. Времето за снимање беше многу кратко и ги снимавме само неопходните кадри и немав време да пробам нови агли на снимање. Со кинематограферот имавме голема караница, бидејќи немаше контраст. Во сите мои други филмови се трудам да го доловам контрастот меѓу денот и ноќта, но во овој го немам бидејќи имав караница со кинематограферот. И токму тоа беше предмет на караницата, рече Алпер.

Подготовка, копродукции и пичинг

Пред студентите денеска тој говореше за значењето на копродукциите и пичингот на големите фестивали за еден филм и дека и самиот тоа доцна го сфатил бидејќи во минатото сметал дека тоа не му е потребно, но подоцна сфатил дека е корисна секоја сугестија, секоја критика и секој вид на помош кога работите на филм.

Поразговара и за снимањето серии на кои работел во Турција и рече дека никогаш не оди неподготвен на сет. Секогаш се подготвува пред снимањето и токму затоа му било тешко кога го снимал „Зад ридовите“ бидејќи бил ограничен и со буџет и со снимачки денови.

ВИ или автентична филмска креација

Во продолжение на програмата на МФФ Киненова денеска се одржа и трибина на тема „ВИ или автентична филмска креација“ на која студентите разговараа за дилемите по ова прашање со Емин Алпер, Гоце Цветановски и Дејан Илиев.