ПРЕС / БЛОГKINENOVA 2026

МФФ Киненова го претстави лауреатот Емин Алпер: Секогаш барам приказни кои вреди да се раскажат

Турскиот режисер Емин Алпер, лауреат и претседател на жирито на Киненова 2026, првпат во Скопје: „Секогаш барам приказни кои вреди да се раскажат.“

октомври 13, 2026 · Прес-конференција
Прес-конференција / Press conference — KINENOVA 2026
Прес-конференција · КИНЕНОВА 2026
ЛАУРЕАТЕмин Алпер
ЖИРИАлпер · Максимовиќ · Цветановски
KINENOVA 202614–17 октомври · Скопје

Лауреат по прв пат во Скопје

На денешната прес-конференција Меѓународниот филмски фестивал Киненова го претстави годинешниот лауреат – турскиот режисер Емин Алпер, кој истовремено е и претседател на жирито, заедно со Александра Марковиќ и Гоце Цветановски.

„Многу сум среќен што сум овде, задоволство ми е и чест ми е што сум дел од годинешново издание на фестивалот Киненова. Прв пат сум во Скопје и во Македонија и возбуден сум што ќе гледам филмови и ќе разговараме за нив со моите колеги од жирито“, рече Алпер.

За филмот „Спасение“ Емин Алпер ја доби Сребрената мечка на Берлиналето, а на фестивалот Киненова ќе биде прикажан неговиот прв филм „Зад ридот“, за кој исто така доби две награди на Берлиналето, бидејќи МФФ Киненова е фестивал на дебитантски филмови.

Од прес-конференцијата на КИНЕНОВА 2026
Од прес-конференцијата · КИНЕНОВА 2026

Приказни кои вреди да се раскажат

„Публиката ги сака моите филмови бидејќи во нив ги портретирам обичните луѓе од социолошки и психолошки аспект, а во исто време сакам да го потенцирам конфликтот кој во последниве години е многу изразен во секое општество, но и во светот, а авторитарните режими претставуваат сè поголема опасност за обичниот човек и за неговото секојдневие и егзистенција“, истакна Алпер.

„Почетоците на приказната потекнуваат од различни инспирации, но најпрво ја поставувам приказната, а потоа ги градам ликовите, па се обидувам да го најдам вистинскиот лик кој точно ќе го иницира почетокот – зошто почнал да ја гради приказната и да го пишува сценариото за тој филм. Секогаш барам приказни кои вреди да се раскажат, да се чујат и да се видат. Иако магистрирав на историја, конкретно на 19 и 20 век, сепак моја прва љубов беше филмот. Се обидов од тоа што сум го научил да го вметнам во филмовите, а најчесто во историјата го гледав конфликтот и затоа го има во сите ликови, и внатрешни и надворешни. Се обидувам да ги внесам во некои актуелности, бидејќи секогаш ме интересирале големите конфликти. На моето творештво влијание има и литературата, особено писателот Јашар Кемал“, додаде Алпер.

Од прес-конференцијата на КИНЕНОВА 2026
Од прес-конференцијата · КИНЕНОВА 2026

Жири и корени од Велес

Со Емин Алпер на фестивалот гостува и неговиот близок соработник и монтажер, Озкан Вардар, кој пред присутните раскажа дека има потекло од Македонија, поточно од Велес.

„Моите баба и дедо и по мајчина и по таткова страна потекнуваат од Македонија. Мајка ми и татко ми се родени во Велес и многу ми е драго што сум за прв пат во Македонија“, рече Вардар, а на македонски кажа дека знае само да праша „Како сте“.

Александра Марковиќ е документаристка и монтажерка од Хрватска, која живее и работи во Обединетото Кралство, а Гоце Цветановски е македонски филмски режисер и автор на првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“. И двајцата изразија задоволство што се дел од жирито и што ќе имаат можност да гледаат прекрасни филмови на фестивалот.

Од прес-конференцијата на КИНЕНОВА 2026
Од прес-конференцијата · КИНЕНОВА 2026

Програма и поддршка

Програмата на фестивалот денеска предвидува мастерклас на Озкан Вардар на ФДУ и проекција на филмови од Драма фестивалот – „Драма Филм Фестивал патува на Киненова 2026“, во салата на Вардар филм.

МФФ Киненова е поддржана од Агенцијата за филм на РСМ и Општина Кисела Вода.

Од прес-конференцијата на КИНЕНОВА 2026
Од прес-конференцијата · КИНЕНОВА 2026