
KINENOVA
Татко
Татко / Father
Режија: Светозар Ристовски
За филмот
„Никогаш не сум го видел татко ми како плаче – дури ни кога почина мајка ми…“ Вака започнува приказната за еден патријархален татко од македонско село, кој мора да се соочи со најголемиот предизвик во својот досегашен живот – миг што ја урива неговата слика за реалноста и ги доведува во прашање сите негови убедувања. Дали тој ќе успее да го надмине овој предизвик и да ја прифати новата реалност, или сме сведоци на голема трагедија? Приказната е заснована на расказ од ирскиот писател Михал О Конгајле.
Екипа и улоги
Режија, продукција: Светозар Ристовски
Сценарио: Светозар Ристовски, според расказот „Татко“ на Михал О Конгајле
Кинематографија: Дејан Димески
Монтажа: Атанас Георгиев
Продукциска компанија: Small Moves Ltd.
За режисерот
Светозар Ристовски дипломирал филмска и телевизиска режија на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Република Македонија. Од 2001 година работи како сценарист, режисер и продуцент. Неговите филмови биле прикажувани во официјалните селекции и натпреварувачките програми на најпрестижните филмски фестивали ширум светот: Венеција, Торонто, Ротердам, Токио, SXSW, Варшава, Санта Барбара, Бусан, Стокхолм, Ванкувер, Ерусалим и други. Во 2015 година бил избран за „Producer on the Move“ од страна на организацијата „European Film Promotion“.




