Фестивал 2024

Архива за година: 2024
Ковер 2024
Киненова 2024

Видео 2024

Распоред 2024 (Постер)

Распоред 2024 - постер

Клик за цел екран/преземање.

Филмови 2024

НА СЕ’ ЌЕ ДОЈДЕ КРАЈ

    НА СЕ’ ЌЕ ДОЈДЕ КРАЈ на Рајко Грлиќ   Улоги: Jелена Ѓокиќ, Живко Аночиќ, Борис Исаковиќ,Јанко Поповиќ Волариќ, Емир Хаџихафисбеговиќ, Ксенија Маринковиќ, Марина Реџеповиќ, Петре Арсовски   Краток синопсис: Макс Пинтер, успешен адвокат од Загреб, успева да ги отфрли обвиненијата против неговиот клиент за двојно убиство, богатиот и моќен бизнисмен Динко Хорват. На прославата, Макс […]

    ДВОЈНИКОТ

      ДВОЈНИКОТ на Јан Холоубек   Краток синопсис: Ханс и Јан Битнер живеат на спротивните страни на Железната завеса. Ханс живее во Франција, тој води мирен живот. Битнер е Полјак, вклучен во борбата за слободна Полска. Нивните животи се различни, но има еден детал што ги поврзува.  

      ГРАДИНА

        ГРАДИНА на Бојан Тантуровски   Краток синопсис: По триесет и пет години градинарење на ненаселено јавно земјиште во близина на реката Вардар, последните герила- градинари во Скопје се соочени со иселување. Како што се шири градот, тие се принудени да бараат друго земјиште.  

        ПОСЛЕДНИОТ КАУБОЈ

          ПОСЛЕДНИОТ КАУБОЈ на Тадеј Чатер   Краток синопсис: „Последниот каубој“ е документарен филм за вечниот сонувач од Босна и Херцеговина, Хари Џексон. За човек кој создаде илузорна реалност од своите соништа да биде херојски каубој, кој ќе го спаси светот, во кој реката Дрина ја замени реката Рио Гранде, а Санта Фе стана босанскиот град  […]

          КАРАОКЕ РАЈ

            КАРАОКЕ РАЈ на Инари Паканен   Номинации и награди: Visions Du Reel, „Јуси“ награди – Најдобар документарен филм, ДОКС Барселона   Краток синопсис: Места. Луѓе. Песни отпеани како за ослободување, фрагменти од среќа, понекогаш смешни, понекогаш болни спомени. Овие моменти од животот се снимени со камера за време на караоке настапи низ финскиот пејзаж. Радоста […]

            ДЕВОЈКИ

              ДЕВОЈКИ на Али Хапасало   Улоги: Аму Милоноф, Елеонора Кауханен, Линеа Леино   Номинации и награди: Берлинале, Санденс, Мотовун   Краток синопсис: Додека три млади жени се обидуваат да му пркосат на постојаниот зимски мрак во Финска, тие се движат меѓу соништата, реалноста, пријателството и врските, обидувајќи се да разберат сè.  

              РАЈ: НАДЕЖ

                РАЈ: НАДЕЖ на Улрих Зајдл   Улоги: Мелани Ленц, Јозеф Лоренц, Мајкл Томас   Номинации и награди: Беринале 2013 – официјална селекција   Краток синопсис: Третиот филм од трилогијата на Зајдл ја раскажува приказната за Мелани, 13-годишна девојка со прекумерна тежина, и нејзината прва љубов. Додека мајка и’  Тереза ​​патува во Кенија (РАЈ: ЉУБОВ), а […]

                РАЈ: ЉУБОВ

                  РАЈ: ЉУБОВ на Улрих Зајдл   Улоги: Маргарет Тизел, Петер Казунгу, Инге Мо   Номинации и награди: Кански филмски фестивал – официјална селекција, Најдобар филм, режисер и актерка на Австриските филмски награди 2013   Краток синпосис: РАЈ: ЉУБОВ, првиот филм од „рајската трилогија“ се одвива на плажите во Кенија. Таму познати како „шеќерни мами“, Европејките […]

                  КАФУЛЕ

                    КАФУЛЕ на Навид Михадуст   Улоги: Масуд Карамати, Маса Маџур, Сетаре Малеки   Номинации и награди: Солунски филмски фестивал   Краток синопсис: Сохраб Сепехри е режисер кој е осуден на пет години затвор поради филмовите што ги снимал. Тој сега има свое кафуле поради забраната за работа во својата примарна дејност и се соочува со […]

                    ПЛАНЕТА 7693

                      ПЛАНЕТА 7693 на Гојко Беркуљан   Улоги: Илија Пејаковиќ, Андрија Кузмановиќ, Кристина Стевовиќ   Краток синопсис: Лука (9) живее со родителите и поголемата сестра во живописно соседство во предградието. По еден настан во неговото навидум хармонично семејство, недоразбирањата насобрани низ годините излегуваат на површина и предизвикуваат низа конфликти. Ткивото на семејството се кине. Лука бара […]

                      ЖЕНА-УБИЕЦ / ФОНИСА

                        ЖЕНА-УБИЕЦ / ФОНИСА на Ева Натена   Улоги: Кариофиља Карабети, Марија Протопапа, Елена Топалиду   НОМИНАЦИИ И НАГРАДИ: Шангај филм фестивал 2024, Солунски филмски фестивал – НАГРАДА ЗА НАЈДОБРО УМЕТНИЧКО ДОСТИГНУВАЊЕ, Хеленска филмска академија – НАГРАДА ЗА НАЈДОБАР РЕЖИСЕР-ДЕБИТАНТ   Краток синопсис: Базиран на класичното ремек-дело на Александрос Пападијамантис, филмот „ЖЕНА-УБИЕЦ / ФОНИСА“ се одвива […]

                        ХОТЕЛ ПУЛА

                          ХОТЕЛ ПУЛА на Андреј Коровљев   Улоги: Ермин Браво, Ника Грбеља и др.   Награди и нoминации: Филмски фестивал во Пула; Филмски фестивал во Трст.   Краток синопсис: Познатиот босански актер Ермин Браво и извонредната млада хрватска актерка-дебитант Ника Грбеља многу убедливо отелотворуваат лежерна залутана љубов, осудена неизбежно да заврши со срцепарателна разделба. Малолетната средношколка […]

                          БУНТОТ НА СИЛВЕР

                            БУНТОТ НА СИЛВЕР на Дан Шадур   Награди и номинации: Филмски фестивал во Варшава; „Црни ноќи“ – Mеѓународен филмски фестивал во Талин.   Краток синопсис: Шеф на криминал или бестрашен дисидент? Најголемото сајбер судење во историјата на Израел ќе ја одреди судбината на едно поранешно ултраортодоксно дете кое го трансформираше бизнисот со трговија со дрога. […]

                            ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА

                              ЈОН ВАРДАР ПРОТИВ ГАЛАКСИЈАТА на Гоце Цветановски   Улоги: Жарко Димоски, Дамјан Цветановски, Емилија Мицевска   НАГРАДИ И НОМИНАЦИИ: Ситџес Меѓународен филмски фестивал на фантастичен фестивал Каталонија (Светска премиера – 5  октомври 2024); КинеНова 2024, македонска премиера на отворањето на фестивалот.   Краток синопсис: Јон е потпросечно интелигентен човек од Земјата. Зарк е нарцисоиден мегаломан […]

                              Распоред 2024 (Објави)

                              Нема резултати за 2024.

                              Тим 2024

                              Жири 2024

                              Асимина Проедру

                                Асимина Проедру е сценарист-режисер која живее и работи во Хеленската република. Нејзиниот краток филм, RED HULK (2013), беше прикажан во официјалната програма на МФФ Клермон-Феран и освои седум меѓународни награди. Нејзиниот деби филм, BEHIND THE HAYSTACKS / ЗАД СТОГОВИТЕ СЕНО(2022) беше грчки КАНДИДАТ ЗА НАГРАДИТЕ ОСКАР на 96-тото издание. Овој нејзин филм е одрбан помеѓу […]

                                Дорина Оарга

                                  Дорина Оарга работи во филмската индустрија повеќе од 15 години, со долгогодишно искуство во раководење со проекти, како во Романија, така и на меѓународно ниво. Таа е со седиште во Букурешт, но во душата е авантурист; Дорина е долгогодишен соработник на Меѓународниот филмски фестивал во Трансилванија (Клуж-Напока, Романија / од 2008 година до денес), каде […]

                                  Јани Бојаџи

                                    Јани Бојаџи e режисер, сценарист и продуцент, роден во 1970 година во Струмица каде што завршува средно образование, дипломира и магистрира режија за филм и телевизија на Националната академија за театарска и филмска уметност во Софија, докторира на режија за филм и телевизија на Универзитетот „Неофит Рилски“ во Бугарија. Вонреден професор е по режија за […]

                                    Новости 2024

                                    ЕКСПЛИКАЦИИ ЗА ОДЛУКАТА НА ЖИРИТО НА КИНЕНОВА 2024

                                    октомври 21, 2024

                                    За мене е голема чест што сум овде, на филмскиот фестивал КИНЕНОВА, како претседател на жирито, заедно со двете прекрасни членки на жирито, режисерките Асимина Проедроу од Грција и продукциската дизајнерка Дорина Оарга од Романија. Сакам да им се заблагодарам на уметничкиот директор Гена Теодосиевска и директорот на фестивалот Небојша Јовановиќ за  оваа одлична можност заедно да ги видиме и доживееме сите овие прекрасни приказни. Внимателно ги погледнавме 6-те играни […]

                                    Гран при на „Киненова“ за филмот „Жена-убиец“

                                    октомври 21, 2024

                                    Гран при на „Киненова“ за филмот „Жена-убиец“: Режисерката Ева Натена порача- Награда ја чувствувам како мост меѓу нашите земји, бидејќи уметноста може да го направи она што многу политичари не можат Во Домот на културата „Билјана Беличанец“ синоќа, на последната фестивалска вечер,  во преполната сала во присуство на бројни филмски работници, уметници, актери, режисери, претставници […]

                                    Работилница со Улрих Зајдл на „Киненова“

                                    октомври 17, 2024

                                    Работилница со Улрих Зајдл на „Киненова“: Јас не ја отсликувам стварноста, туку црпам од неа. Во Кинотеката на Македонија денеска, во рамките на програмата на МФФ Киненова, се одржа работилница со истакнатиот австриски режисер, сценарист и продуцент Улрих Зајдл, годинашен лауреат на Фестивалот. -Мојот интерес беше насочен кон визуелната уметноста. Особено ме интересираа фотографијата и […]

                                    Отворено 9. издание на МФФ Киненова

                                    октомври 16, 2024

                                    Гоце Цветановски го отвори фестивалот „Киненова“, Улрих Зајдл со порака: Кога се загрозени слободата на уметноста и слободата на филмската уметност, човек мора да даде отпор. Во времиња како овие, слободата на уметноста е загрозена. Во времиња како овие, загрозена е и слободата на филмската уметност. Но тоа не е сè. Во времиња 0како овие, […]

                                    Прес конференција 14.10.2024

                                    октомври 15, 2024

                                    „Киненова“ продолжува да наградува европски филмски режисери, но и да поддржува македонска кинематографија: Улрих Зајдл и Гоце Цветановски на „Киненова“ На денешната прес конференција на МФФ „Киненова“ присуствуваше годинешниот лауреат на наградата за животно дело, Улрих Зајдл, австриски режисер и Гоце Цветановски, чиј филм „Јон Вардар против Галаксијата“  ќе го отвори утре годинешното издание на […]

                                    Прес конференција 07.10. 2024

                                    октомври 10, 2024

                                    Под мотото „Што е прво? Филмот или приказната“ 9. издание на МФФ Киненова од 15-20 октомври Фестивалот го отвора македонскиот долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на режисерот Гоце Цветановски Од 15 до 20 октомври ќе се одржи најновото 9. издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова. -На мое големо задоволство Тематски би ја започнал […]

                                    Test news

                                    октомври 9, 2024

                                    Lorem Ipsum is simply dummy text of the printing and typesetting industry. Lorem Ipsum has been the industry’s standard dummy text ever since the 1500s, when an unknown printer took a galley of type and scrambled it to make a type specimen book. It has survived not only five centuries, but also the leap into electronic […]

                                    Спонзори 2024

                                    Спонзори 2024

                                    Клик за цел екран/преземање.