Nebojsha Jovanovik - Festival director

Небојша Јовановиќ е сценарист, режисер и продуцент. Работел на проекти за промоција на домашната кинематографија во меѓународни рамки, а бил и дел од организацијата на домашни филмски и театарски фестивали.

Igor Angjelkov - Program director

Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал на мастер студиите по „Медиуми и комуникации“ на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со медиско третирање на филмската уметност активно се занимава од 1997 година преку рецензии во различни дневни, неделни и месечни весници, како автор на филмската радио-емисија „РЕДРУМ“ на Канал 103, и веројатно најпрепознатлив по филмскиот магазин „Филмополис“ на ТВ Телма. Бил член на жиријата на домашните фестивали „Македокс“, „Осфаф“, „Ехо“... Анѓелков е долгогодишен уредник во издавачката куќа „Или-Или“, и зад себе има неколку книги, меѓу кои „Филм.мкд“ (2015) е неговата прва теориска книга за филмот, во која комплетно ја третира македонската кинематографија во новиот милениум. Втората, насловена „Филмски град“, ќе биде издадена и промовирана во текот на следната, 2018 година. Анѓелков зад себе ги има и прозните книги, збирката раскази „Кротки приказни“ (2006) и романите „Крај-пат“ (2010) и „Фото синтеза“ (2013). Од 2015 година е члена на меѓународната асоцијација на филмски критичари ФИПРЕСЦИ.

Darko Popov - Executive director

Роден во 1979 година во Скопје. Дипломира во 2001 година на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје, оддел Продукција, а во моментов на постдипломски студии по Комуникација и медиуми. Професионално се надградува посетувајќи семинари и воркшопи, меѓу кои: “Marketing and fundraising for small artistic groups”, во Софија, “Менаџирање на проекти од областа на културата”, во Охрид, “EAVE Producer’s Workshop 2011” – примен како стипендист на Фондацијата Robert Bosch Stifftung. Работи како продуцент, извршен продуцент, директор на филм и организатор, а од 2012 е управител на Фокус Покус Филм. Од 2015 е асистент катедрата за Креативна Продукција при Институтот за филм – Филмска Академија Охрид.

Blagoja Nedelkovski - Head of the department for technical issues